Олимпиското крштевање за Виктор Петков заврши успешно. По стабилното прво возење, нашиот скијач во втората трка успеа дополнително да го поправи својот пласман и да го финишира велеслаломот на 55. место.
Да се комплетираат две трки на најголемата светска спортска сцена, во услови каде многу поискусни скијачи не стигнаа до целта, е резултат за почит.
Напредок и конечен резултат
Петков стартуваше како 57-ми по првата трка, но со сигурно второ возење успеа да скокне две позиции погоре. Неговото вкупно време изнесуваше 2:48.37 минути.
Заостанувањето зад победникот изнесува 24 секунди и 37 стотинки, а златниот медал сензационално заврши кај Бразилецот Лукас Пинеиро Братен, кој приреди вистинско шоу на патеката во Кортина.
Очите сега вперени кон Јана
Со настапот на Петков завршува машкиот дел од македонската експедиција, но возбудувањата не престануваат. Знамето сега го презема Јана Атанасовска.
Таа ќе ги брани боите на Македонија во техничките дисциплини (велеслалом и слалом) кои се на програмата на 15 и 18 февруари.
Честитки Виктор за борбеноста! 🇲🇰⛷️



