(Видео) Огнено шоу на навивачите на Баерн Минхен!

Објавено:

Баерн Минхен синоќа го совлада португалскиот Спортинг со 3-1 во рамките на Лигата на шампионите, а домашните трибини беа исполнети со навивачи кои го славеа важниот успех.

Фановите на Баерн уште еднаш го покажаа своето импресивно огнено шоу, а сега реакциите по натпреварот не стивнуваат. Додека некои велат дека навивачите приредиле вистински спектакл со пиротехника на трибините, други ги критикуваат и повикуваат клубот да биде казнет.

Во моментот кога судијата Николас Волш свирна за старт на второто полувреме, беа потребни само неколку секунди за трибината да се претвори во вистинско огнено шоу на Алијанц Арената.

Трибините се трансформираа во црвено море од светлина во сцена која иако изгледаше импресивно, наиде на критики за безбедноста. Олеснувањето по победата за брзо се претвори во гнев од ривалите кои ги осудија за неодговорно однесување.

Најгласен е извршниот директор на Бајер Леверкузен, клуб кој имаше слично искуство со навивачите на Минхен во март, по што клубот мораше да плати казна од неверојатни половина милион евра и добри условна забрана за суспензија на навивачите. Според него, овој инцидент треба да ја активира забраната и на навивачите на Баерн да им биде забрането да присуствуваат на натпреварите до крајот на сезоната.

Што мислите вие? Споделете го вашиот коментар со нас на социјалните мрежи!

Следете нè: Facebook | Instagram | X 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено