(Видео) Победничкиот гол на Костески меѓу најдобрите пет од вчерашниот ден!

Објавено:

Херојот на македонската репрезентација, Ненад Костески, доби големо признание од ЕХФ по неговиот неверојатен погодок во последната секунда против Романија. Неговата ладнокрвна егзекуција која ни ги донесе двата бода е официјално избрана во „Топ 5 голови“ на колото во изборот на ЕХФ.

Гол кој ја „запали“ нацијата

Натпреварот против Романија беше вистинска борба на нерви, а кога се чинеше дека Македонија ќе мора да се задоволи со реми, на сцена стапи крилото на Алкалоид. Костески истрча фантастична полуконтра по десната страна и со звукот на сирената ја смести топката во мрежата за конечни 24:23.

Овој гол не беше само резултатски важен, туку и технички совршен, со оглед на огромниот притисок и фактот што се решаваше победникот во буквално последната стотинка од мечот.

Во друштво на светските ѕвезди

Покрај нашиот Костески, во елитното друштво на најдобрите пет стрелци за ова коло се најдоа и имиња како данскиот феномен Матијас Гидсел, потоа Ареја, Рикардсон и Менгон.

Ова е уште еден доказ дека Македонија, иако се враќа дома со освоено 14-то место, има играчи кои можат да ги засенат и најголемите светски ракометни имиња.

Погледнете го изборот на најдобрите голови:

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено