Реал Мадрид забележа тешка, но витална победа на гостувањето кај Депортиво Алавес со 2-1, со што малку го ослободи притисокот врз менаџерот Чаби Алонсо. Ова е само трета победа за „кралевите“ во последните девет натпревари, но им овозможи да останат во трката за врвот на Ла Лига.
На стадионот „Мендизороцота“, каде што само два тима победиле оваа сезона, на Реал му беше потребен брз гол за смирување на нервите.
Мбапе го отвори резултатот
По две пропуштени шанси, во средината на првото полувреме, Килијан Мбапе беше прецизен. По одличната топка од Џуд Белингем, Французинот се проби од левата страна, влезе навнатре и со неодбранлив удар ја смести топката во мрежата на Антонио Сивера за 0-1.
Реал Мадрид за малку ќе го удвоеше водството, но голот на Белингем беше поништен поради играње со рака. Пред крајот на полувремето, Тибо Куртоа имаше невообичаена, но клучна одбрана со лицето, спречувајќи го Пабло Ибањез да израмни.
Драма со ВАР и победничкиот гол на Родриго
Во вториот дел, „кралевите“ не успеаја да го „убијат“ натпреварот и тоа им се „удри од глава“. Во средината на полувремето, Алавес израмни од ништо: долга топка преку одбраната го пронајде Карлос Висенте, кој прецизно шутираше покрај Куртоа. Голот првично беше поништен, но ВАР докажа дека Висенте совршено го темпирал трчањето.
Кога се чинеше дека Реал Мадрид нема да ја најде мрежа по втор пат (Родриго претходно шутираше слободен удар над голот), Бразилецот ја покажа својата класа.
Во клучниот момент, Винисиус Жуниор со својата брзина се проби по левата страна, упати низок центаршут, а Родриго рутински ја турна топката во мрежата за водство од 1-2.
Реал Мадрид успеа да го задржи водството до крајот, запишувајќи ја шесттата победа во низа на гостински терен. Алавес го забележа осмиот последователен пораз во меѓусебните дуели со „кралевите“.



