(Видео) Шкендија гази во Скопје: Слован на колена по само 45 минути!

Објавено:

Шкендија игра како во транс на арената „Тодор Проески“ и има убедлива предност од 2-0 на полувремето против словачкиот гигант Слован Братислава. Тетовските „црвено-црни“ го уништија противникот со два брзи гола во период од само 12 минути пред паузата.

Латифи ја најави бурата, Спахиу ја потврди доминацијата

Резултатот беше отворен во 33-тата минута. По корнерот што го изведе Бесарт Ибраими, Лиридон Латифи беше најснаодлив и со глава ја затресе мрежата за 1-0.

Кога сите очекуваа крај на првиот дел, следеше молкавичен контранапад во судиското надополнување (45’+1). Брзиот Роналдо Вебстер проби по левата страна и несебично асистираше до Себастјан Спахиу, кој од непосредна близина зголеми на 2-0.

Shkendija 2-0 Slovan Bratislava – Sebastjan Spahiu 45’+1′ (great counter)
byu/atbg1936 insoccer

Ова е трет домашен натпревар по ред во Европа на кој Шкендија постигнува гол, по дуелите со Шелбурн и Јагјелонија.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено