(Видео) Тиквеш тргна со амбиции: Турски партнер со македонско потекло најавува атак на Европа

Објавено:

Прволигашот од Кавадарци, ГФК Тиквеш, официјално ги запали моторите за пролетниот дел од сезоната. Но, првата прозивка на Градскиот стадион не беше само обичен тренинг, туку и почеток на една нова ера за клубот, со нова организациска структура и странски партнер.

Претседателот Миле Масларков потврди дека клубот добива засилување во раководството. Новиот бизнис партнер доаѓа од Турција – станува збор за менаџерската агенција на Цезар Браво, кој беше претставен пред фудбалерите и јавноста.

„Јас сум Македонец од Прилеп“

Најинтересниот момент од пресот беше обраќањето на новиот партнер, Цезар Браво. Иако доаѓа како инвеститор од Турција, тој откри интересна врска со нашата земја.

„Јас можам да зборам македонски, но не 100%, па затоа ќе зборувам на англиски за да не грешам. Но, да знаете, јас сум Македонец од Прилеп. Татко ми и мајка ми се родени тука. Ја знам земјава и видовме можност бидејќи македонскиот фудбал оди нагоре. Нашата мотивација е да излеземе во Европа и да се бориме за титула. Имаме сон да направиме нешто добро, изјави амбициозниот Браво.

Покрај него, клубот се засили и во спортскиот сектор со именувањето на Љупчо Трајковски за нов спортски директор.

Христов: Ни требаат вистински засилувања, не само бројка

Додека новиот партнер сонува за Европа, реалноста за стручниот штаб е битката за опстанок и бегство од опасната зона. Тренерот Борче Христов најави дека тимот ќе претрпи промени.

Клубот веќе го напуштија Ѓорѓи Спасов (трансфер во Турција) и Иван Ивановски (странство), а се најавени 3 до 5 нови имиња.

„Сигурно нема да останеме со овие играчи. Ќе донесеме засилувања, но не по секоја цена, туку играчи кои во вистинска смисла на зборот ќе го подигнат квалитетот, дециден е Христов.

Честитки за селекторската функција: „Данска е сериозен предизвик“

Освен клупските обврски, Христов од неодамна има и нова, огромна одговорност. Тој е именуван за прв помошник на новиот селектор на Македонија, Гоце Седлоски.

Тиквеш ќе работи во Кавадарци до 16 јануари, по што на 17-ти се сели во Анталија, каде ќе остане две недели и ќе одигра неколку контролни натпревари.

Погледнете го видеото од првата прозивка и изјавите на актерите:


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено