(Видео) Трагедија во 100-та минута! Јагелонија со 10 играчи ѝ „украде“ чиста победа на Шкендија!

Објавено:

Каква неверојатна драма и каков трагичен крај за македонскиот шампион! Шкендија беше на само три секунди од огромна, втора европска победа, но наместо тоа, доживеа вистински шок.

Тетовскиот тим одигра херојски, водеше речиси цело полувреме, но Јагелонија со играч помалку успеа да израмни на 1-1 во буквално последната секунда од мечот, во 100-та минута од играта!

По цврстото прво полувреме, Шкендија експлодираше на стартот на вториот дел. Во 49. минута, по корнерот на Роналдо Вебстер, највисок во скокот беше Лиридон Љатифи, кој со глава погоди за ерупција на арената „Тодор Проески“ и водство од 1-0.

Shkëndija 1-0 Jagiellonia Białystok – Liridon Latifi 49′
byu/4gjdtokurwa insoccer

Јагелонија тргна во офанзива, но одбраната на Шкендија беше перфектно поставена. Бесарт Ибраими дури имаше и чиста шанса за 2-0 во 79. минута, но неговиот удар го одбрани голманот Пјекутовски. Се чинеше дека победата е во џеб кога гостинскиот играч Имаз доби црвен картон во финишот (96′). Судијата покажа седум минути продолжение, но се играше длабоко во десеттата минута од надополнувањето (100-та) кога се случи трагедијата.

Shkëndija 1-0 Jagiellonia Białystok – Jesús Imaz second yellow card for diving 90+6′
byu/4gjdtokurwa insoccer

По една мешаница, топката дојде до Серхио Лозано, кој со „бомба“ од работ на шеснаесетникот го совлада Гаје за конечни 1-1.

Shkëndija 1-[1] Jagiellonia Białystok – Sergio Lozano great goal 90+10′
byu/4gjdtokurwa insoccer

Беќири: „Три секунди нè делеа…“

Разочарувањето беше очигледно кај тренерот Јетон Беќири: „Нормално дека сме разочарани, бидејќи секунди нè делеа од трите бода… Ако на последниот меч победивме во последна секунда, сега се случи спротивното. Овојпат три секунди нè делеа од победата“, изјави Беќири.

Дури и тренерот на Јагелонија, Адриан Симинец, призна: „Ова не беше нашиот вистински лик. Шкендија ‘изгина’ на терен… Резултатот е прифатлив“.

Натпреварот го одбележа и повредата на Арбин Зејнулаи во првиот дел по судир, но Беќири потврди дека играчот е во добра состојба.

Шкендија со ова реми има 4 бода по три кола. Следниот предизвик е пресметката против Дрита во Приштина.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено