Ракометниот клуб Вардар деновиве дише во знакот на големиот јубилеј – 65 години постоење. По тој повод, со специјална порака до навивачите се јави човекот кој е нераскинлив дел од историјата на „црвено-црните“, миленикот на „Комитите“, Веселин Вујовиќ.
Популарниот Вујо ги повика сите поддржувачи на клубот да ги исполнат трибините во четврток, на дерби пресметката против екипата на Алкалоид.
„Ве канам на роденденот на најголемиот клуб кој го дала Македонија“ е пораката која ја пренесува Вујовиќ, потсетувајќи на славните денови и важноста на овој роденден.
Роденденски спектакл во „Јане Сандански“
Натпреварот започнува во 18:00 часот, но забавата ќе започне многу порано. Клубот најави голема фан-зона на платото пред салата „Јане Сандански“ со почеток во 16:30 часот, каде сите посетители ќе можат да уживаат во роденденската атмосфера поддржана од спонзорите.
Билетите се веќе во продажба онлајн и на билетарницата пред салата. Вардар повикува на полни трибини – за историјата, за јубилејот и за нови победи!
Погледнете ја пораката на Веселин Вујовиќ:



