Викендов во Охрид започнува новото издание на “Ohrid Water Festival”

 

Објавено:

На 16 август започнува новото издание на “Ohrid Water Festival”, кое ќе вклучува бројни спортски активности на вода.

Љубителите на спортот ќе можат да уживаат во едрење, ватерполо, кајак регата, Red Bull педалинка, СУП маратон, СУП јога на вода и бројни други спортски активности, а настанот ќе кулминира на 30 август со традиционалниот Охридски пливачки маратон.

Утрешното отворање ќе го одбележат два настани, Меѓународниот ревијален ватерполо турнир и можеби најинтересната трка во програмата, “Red Bull” педалинка трката.

Извор: https://ohridwaterfestival.mk/

Оваа уникатна трка ќе се случи по втор пат, а тимови од четири члена ќе се тркаат со педалинки во епицентарот на Охрид. За времетраењето на трката, освен неколкуте предизвици, секој од тимот има своја задача: двајца од тимот вртат на предните педали, другите двајца позади веслаат, а победник е тој што прв ќе стигне до целта во последната фаза.

Погледнете ја цела спортска програма, на веб страната на фестивалот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено