9.8 C
Skopje

Во недела сите во сала, Македонија има само една опција – победа!

Објавено:

Македонската одбојкарска репрезентација вчера изгуби со 3:0 во Грција, по што остана само една шанса за трето последователно учество на Европските првенства, а тоа е победата над Грузија на домашен терен во недела.

Одобојкарите веруваат дека можат да остварат победа дома, но побараа поддршка од навивачите на трибините во спортскиот центар “Борис Трајковски”. За таа цел, федерацијата објави дека влезот ќе биде бесплатен, па очекуваат во недела од 20 часот навивачите да пристигнат во голем број.

Македонија во недела ќе брка максимална победа од 3:0 за да обезбеди што поголема поен разлика, со што ќе влезе во трка за место меѓу петте најдобри второпласирани репрезентации. По комплетирањето на претпоследното коло Македонија е во битка со Австрија и Норвешка за евро-билет, со подобар поен-количник од конкурентите.

Поради тоа потребно е во последниот дуел со Грузија, Македонија да загуби што помалку поени во сетовите и да запише сигурна победа од 3:0, а потоа да го чека и конечниот исход од натпреварите во другите групи.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено