Во сезоната 2014 во Формула 1, Жил Луцин Андре Бјанки беше еден од најголемите надежи и шофер кон кого беа вперени француските надежи за титула. Многумина сметаа дека тој е возач со талент и квалитети да биде следниот светски шампион, но судбината прерано ја прекина неговата приказна…
Но, по големата несреќа која ја доживеа на патеката на Сузука на 5 октомври 2014 година, тој не можеше да се избори со повредите и после девет месеци, на денешен ден во 2015 година, тој почина во својата родна Ница.
Remembering Jules Bianchi.
Today. And every day. pic.twitter.com/xvHXI4fFzT
— Formula 1 (@F1) July 17, 2025
Тогаш 25 годишниот Жил излета од патеката и удри во кран, по што девет месеци лежеше во кома во болницата во Ница.
Бјанки беше кум на сегашниот возач на Ферари, Шарл Леклер, и најдобар другар на неговиот постар брат Лоренцо. Во едно неодамнешно интервју, Лоренцо говореше за блиската врска која ја имале со Жил и неговото влијание врз кариерата на Шарл.
Иако само осум години постар од Шарл, тој бил негов ментор во тркањето, а неговото влијание помогнало младиот шофер од Монако да го добие местото во Академијата на Ферари, од каде премина во првиот тим.
10 years ago today, motorsport lost a star and the world lost a great soul. Thinking of you Jules pic.twitter.com/UuI4vj1ZiI
— Autosport (@autosport) July 17, 2025
Смртта на Бјанки во 2015 година многу го погодила младиот Леклер, но тој изјавил дека ќе продолжи да вози во негова чест, па до ден денес на својата кацига тој носи обележја во чест на својот татко и на Жил Бјанки.
Денес, десет години од неговата прерана смрт, светот на Формула 1 му оддаде почит на Жил Бјанки на социјалните мрежи, а Ферари објавија видео во негово сеќавање.
Жил Бјанки (1989 – 2015)



