Ждрепка за СП 2028: Футсалците патуваат во Литванија, група „по мерка“

Објавено:

Македонската футсал репрезентација денеска ги дозна противниците за првата фаза од квалификациите за Светското првенство во 2028 година. Ждрепката во Нион одлучи „црвено-жолтите“ да бидат дел од Групата Ц, каде што ќе имаме сериозни балкански пресметки.

Група по мерка: Ние сме фаворити

Македонија, која беше носител во ждрепката (рангирана на 28. место), ќе ги одмери силите со домаќинот Литванија, како и со селекциите на Турција и Бугарија.

Според рејтингот на УЕФА, Македонија е највисоко рангирана селекција во оваа група, што ни ја доделува фаворитската улога. Литванија е на 35. место, Турција на 38., додека Бугарија е 45-та во Европа.

Извор: https://www.uefa.com/futsalworldcup/

Кога и каде се игра?

Домаќин на турнирот ќе биде Литванија. Натпреварите од прелиминарната рунда ќе се одиграат во период од 6 до 15 април 2026 година.

Системот на натпреварување е јасен: Првите две репрезентации од групата обезбедуваат пласман во Главната рунда (Main Round), каде ќе се приклучат на 24-те најдобро рангирани европски селекции како Португалија, Шпанија и Казахстан.

Ова е одлична шанса за нашите футсалци да ја оправдаат улогата на носители и сигурно да чекорат кон следната фаза на патот кон Мундијалот.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено