Гневот на Де Роси по победата на Наполи: „Ова веќе не е фудбал, не знам кој спорт го тренирам!“

 

Објавено:

Тренерот на Џенова, Даниеле Де Роси, го „запали“ прес-центарот на стадионот „Луиџи Ферарис“ по болниот пораз од Наполи. Вторпат во само седум дена, неговиот тим губи со идентични 3-2 по пенал во судиското продолжение, што кај легендарниот Италијанец предизвика лавина од критики кон судиите и ВАР-системот.

„Фудбалот што јас го играв веќе не постои“

Де Роси не можеше да се помири со одлуката на судијата Маса во 95. минута, кога по прегледување на снимката беше досуден пенал за Наполи поради стапнување врз Вергара. За стратегот на Џенова, модерните правила го убиваат духот на играта.

„Не знам веќе што да кажам. Никој од нас повеќе не знае што е ‘чиста и очигледна грешка’. Не знаеме дали веќе смееме да стапнеме некаде или само да поминеме покрај противникот. Фудбалот што јас го играв повеќе не постои. Морам да им кажам на моите играчи да ги држат рацете зад грб и да не влегуваат во старт. Јас веќе не знам кој спорт го тренирам“, изјави разочараниот Де Роси за „DAZN“.

Гордост и покрај поразот

Иако Џенова врза два порази по серијата од пет меча без неуспех, Де Роси смета дека неговите момци заслужиле многу повеќе од овој натпревар, но и од претходниот против Лацио.

Тој ја истакна борбеноста на својот тим кој успеа да му парира на фаворитот, дури и кога против себе го имаа Расмус Хојлунд, за кого Де Роси вели дека е „еден од најдобрите напаѓачи на светот кога има простор“. Тренерот на „Грифоните“ заклучи дека мора да го подигне тимот по овој шок, бидејќи прикажаната игра дава надеж за брзо враќање на победничките патеки.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено