Пораз на тенисерите во Никозија: Кипар пресилен за Македонија, деби за 15-годишниот Алексовски

 

Објавено:

Македонската тениска репрезентација вчера доживеа пораз од 5:0 во дуелот против Кипар, во рамките на Втората Светска зона од Дејвис купот. Домаќините во Никозија доминираа во текот на целиот викенд, потврдувајќи ја победата со неделните три триумфи во двојки и во преостанатите сингл мечеви.

Храбро деби на младиот Марко Алексовски

Најсветлата точка во неделниот пораз беше дебито на младиот, само 15-годишен Марко Алексовски. Иако загуби од Константинос Мегалемос со 2-0 во сетови (7-6, 6-1), Алексовски покажа огромен потенцијал во првиот сет. Младиот Македонец спаси четири сет-топки и рамноправно се носеше со противникот во тај-брејкот, кој на крајот му припадна на Кипранецот со тесни 10:8. Во вториот сет дојде до израз искуството на Мегалемос за конечни 6:1.

Извор: https://www.mtftennis.mk/

Кипар без милост во сите дуели

Претходно вчера, Кристијан Јанев пружи силен отпор во вториот сет против Николас Кембел, но загуби со 6-2 и 7-5. Денот започна со мечот во двојки, каде Стефан Мицов и Амар Хусеиновиќ беа поразени од комбинацијата Ефстатиу/Неос со 2-0 во сетови.

По овој пораз во Втората зона, македонската репрезентација во јуни ја очекуваат предизвиците во рамките на Третата зона, каде ќе се бори за враќање на повисоко ниво на натпреварување.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено