Перфекција во Вилнус: Македонија со максимални три победи патува во главната рунда од мундијалските квалификации!

 

Објавено:

Футсал репрезентацијата на Македонија го заокружи својот брилијантен настап на претквалификацискиот турнир за Светското првенство со стил! Избраниците на селекторот Газменд Хисејини вчера попладне во Вилнус забележаа и трета победа во низа, совладувајќи го домаќинот Литванија со минимални, но злато вредни 0:1.

Со овој триумф, нашите момци го потврдија апсолутното лидерство во Групата Ц, завршувајќи го турнирот со максимални 9 бодови и импресивна гол-разлика од +7, со што си обезбедија пласман во главната рунда од мундијалските квалификации.

Натпреварот против мотивираните Литванци, на кои им беше неопходна победа, очекувано беше тврд и неизвесен. Двете репрезентации играа внимателно, а клучниот момент кој го реши победникот се случи во 14-тата минута од првото полувреме. Игор Леовски одлично асистираше, а Бојан Јанев со прецизен удар ја затресе мрежата на домаќините за водство од 0:1.

Во продолжението од натпреварот, македонските футсалци покажаа зрелост и одлична тактичка дисциплина, успешно одбивајќи ги сите напади на Литванија која очајнички се обидуваше да стигне до израмнување (имаше 53% посед на топка и 7 изведени корнери).

Да потсетиме, патот до овој перфектен биланс Македонија го започна со убедлива победа над Бугарија (4:1), по што следуваше уште едно доминантно издание и триумф над Турција (6:3).

Извор: https://www.ffm.mk/

Конечната табела во Групата Ц изгледа вака:

  1. Македонија – 9 бода (+7 гол разлика)
  2. Литванија – 4 бода (+2)
  3. Турција – 4 бода (+1)
  4. Бугарија – 0 бода (-10)

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено