9.8 C
Skopje

Без Јанис, но со херојот Ролинс: Бакс го покорија Голден Стејт!

Објавено:

Без Јанис Антетокумпо, но со најдобрата вечер во кариерата на Рајан Ролинс, Милвоки Бакс стигнаа до важна победа над Голден стејт вориорс од 120:110.

Пред натпреварот, Јанис беше повлечен од составот поради болка во коленото, а токму тогаш неговите зборови од пред неколку дена добија нова тежина: “Не е важно кој игра, важно е секој да даде сè од себе. Секоја вечер мора да биде борба”. И навистина беше.

Бакс одиграа тимски, со осум играчи со двоцифрен ефект, но блесокот на вечерта му припаѓаше на Ролинс. Младиот бек, кој пред само две години беше драфтуван од Голден Стејт, уфрли 32 поени (13/21 од игра, 5/7 за три), осум асистенции и три скока и сето тоа додека ја имаше најтешката задача: да го чува Стеф Кари.

“Тој е вистински кошаркар. Го гледаме секој ден како работи, како се труди. Вечерва го награди тоа”, рече соиграчот Кол Ентони.

Ролинс ја покажа својата ментална сила и кога телото веќе попушташе, играше со грчеви, но не се предаде. Со неколку клучни потези во финишот го затвори мечот против клубот каде што го започна патот во НБА.

Во последните пет минути се “сретна” и со Кари и со Дрејмонд Грин во вистинска борба. Силен контакт, неколку тврди фаули, малку емоции, токму она што Јанис го нарече “барска тепачка секоја вечер”.

И кога требаше најмногу, токму Ролинс повторно ја зеде топката. Прво чекор наназад за тројка, потоа продор против Хорфорд и уште една тројка од 28 метри за потврда на големата ноќ.

Кари, кој заврши со 27 поени, по натпреварот му го подари дресот на својот поранешен соиграч: “Среќен сум за него, но и малку лут”, се пошегува ѕвездата на Вориорс.

За Ролинс, ова е втор последователен меч со личен рекорд, од 25 поени против Никс и сега 32 против Вориорс. Од замена, тој стана клучен играч во почетната петорка.

“Само треба да ја добиеш шансата и да ја искористиш”, рече Боби Портис. “А тој ја зграпчи со двете раце”.

Во останатите мечеви од вечерта, Спарси победија на домашен терен против Мајами Хит со 107-101. Оклохома доминираше над Вашингтон Визардс со 127-108, а Шарлот изгубија на домашен терен од Орландо Меџик со 107-123.

Погледнете ги најдобрите потези на вечерта:

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено