Марко Бецеки е во животна форма! Италијанскиот возач ја продолжи својата неверојатна серија и забележа нова победа во МотоГП шампионатот, триумфирајќи на Големата награда на Америките на патеката COTA (Circuit of the Americas) во Остин, Тексас.
Ова е втора последователна „еден-два“ победа за Априлија оваа сезона, откако неговиот тимски колега Хорхе Мартин заврши на втората позиција. На подиумот им се придружи и сензационалниот Педро Акоста (КТМ), кој заврши како трет.
Бецеки со историски рекорд и покрај оштетениот мотор
Победата на Бецеки е уште поимпресивна ако се земе предвид дека стартуваше од четвртата позиција поради казна од две места (за попречување во квалификациите Q2). Сепак, тој имаше молскавичен старт и веднаш се позиционираше зад лидерот Педро Акоста.
Клучниот момент се случи кога Акоста направи грешка во 11-тиот свиок, по што дојде до контакт помеѓу двајцата возачи. Иако неговата Априлија претрпе видливи оштетувања, Бецеки брзо ја презеде контролата и не се сврте назад.
The contact between Bez and The Shark was MASSIVE 💥#USGP 🇺🇸 pic.twitter.com/1bPOTyk1Yk
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 29, 2026
CONTACT
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 29, 2026
Bez leads now after this moment with @37_pedroacosta 😱#USGP 🇺🇸 pic.twitter.com/ub6BWaH4lL
Со оваа победа, Марко Бецеки испиша нова страница во историјата на МотоГП: тој сега има водено 121 круг по ред (нов рекорд), на патот до неговата петта последователна гран-при победа! Тој е и првиот возач по Марк Маркез во 2014 година кој победил на првите три трки од сезоната (Тајланд, Бразил и сега САД).
104 consecutive laps lead 🔥
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 29, 2026
Bezzecchi achieves #MotoGP history 👏#USGP 🇺🇸 pic.twitter.com/UycrSTWuqJ
Мартин го прифати второто место, Бањаја во слободен пад
Хорхе Мартин се обиде да му направи притисок на тимскиот колега, во еден момент намалувајќи ја разликата на помалку од секунда, но на крајот мораше да се задоволи со второто место. Со ова, Шпанецот му го препушти лидерското место во генералниот пласман на Бецеки (Италијанецот сега има 4 бода предност).
Најголемо разочарување на трката дефинитивно беше Франческо „Пеко“ Бањаја (Дукати). По солидниот старт и возењето на петтата позиција, тој доживеа вистински слободен пад во последните кругови. Беше претркат од Марк Маркез, Енеа Бастијанини, Алекс Маркез, Раул Фернандез и Лука Марини, завршувајќи на очајното 10-то место.
WOW@peccobagnaia goes from 5th to 7th 🤯#USGP 🇺🇸 pic.twitter.com/xkQSv7PeVf
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 29, 2026
Марк Маркез, пак, по одлежувањето на казната за инцидентот во саботната спринт трка, успеа да се избори за солидно 5-то место по одличната битка со Бастијанини.
What a battle for 5th we’ve got here 🔥#USGP 🇺🇸 pic.twitter.com/sI4sLcxOOV
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 29, 2026
Априлија е новиот владетел во МотоГП?
Со победите во Тајланд, Бразил (на скратената трка поради екстремни горештини) и сега во САД, едно е јасно, Априлија моментално го има најбрзиот мотор на гридот.
Следната станица во МотоГП шампионатот е Европа, каде возачите ќе се пресметаат на легендарната патека во Херез, Шпанија (24-26 април).



