ЕП 2028: Стартуваме со Луксембург, за крај спектакл со Грција во Скопје!

 

Објавено:

Откако попладнево ги дознавме противниците во Групата 8 за квалификациите за Европското првенство 2028 година (Шведска, Грција и Луксембург), Европската ракометна федерација (ЕХФ) експресно го објави и точниот распоред на натпреварите.

Избраниците на Кирил Лазаров добија поволен календар. Квалификациите ќе ги отвориме и затвориме на домашен терен.

Мисијата кон Шпанија, Португалија и Швајцарија започнува во ноември оваа година, кога во првото коло во Скопје го пречекуваме аутсајдерот Луксембург. Веднаш потоа, во истото репрезентативно „прозорче“, следува првиот голем тест и балканско дерби на гостински терен кај јужниот сосед, Грција.

Март 2027 година е резервиран за двомечот со апсолутниот фаворит во групата, Шведска, додека финишот на квалификациите ќе се одигра во мај 2027. Најпрво ќе гостуваме во Луксембург, а за крај нè очекува вистински спектакл на домашен терен против Грција – натпревар на кој се надеваме дека ќе го прославиме новиот пласман на континенталниот собир!

Комплетен распоред на Македонија за ЕП 2028:

  • 1. коло (5/6 ноември 2026): Македонија – Луксембург
  • 2. коло (8/9 ноември 2026): Грција – Македонија
  • 3. коло (10/11 март 2027): Македонија – Шведска
  • 4. коло (13/14 март 2027): Шведска – Македонија
  • 5. коло (5/6 мај 2027): Луксембург – Македонија
  • 6. коло (9 мај 2027): Македонија – Грција

За потсетување, пласман на ЕП 2028 ќе обезбедат првите две репрезентации од сите групи, како и четирите најдобри третопласирани селекции.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено