9.8 C
Skopje

Хапоел го надигра Партизан и остана на врвот, Монако славеше во Пиреја

Објавено:

Преглед на мечевите од Еуролигата: Среда, 29 октомври

Хапоел Тел Авив 97-84 Партизан Белград

Хапоел Тел Авив продолжува да блеска во Евролигата, откако со убедлива победа од 97-84 над Партизан, израелскиот тим остана лидер на табелата со биланс 6-1, додека српскиот шампион падна на 3-4.

Домашниот состав одигра речиси совршен натпревар, со петмина кошаркари во двоцифрен број на поени: Колин Малколм со 17, Ден Отуро со 14, Антонио Блејкни со 13 и Крис Џоунс со 12 поени. Кај Партизан, најефикасен беше Стерлинг Браун со 19, додека Дуане Вашингтон додаде 15 поени.

Хапоел ја презеде контролата уште во првата четвртина и поведе со 25-19 по серијата тројки на Малколм и Блејкни. Партизан возврати со серија од 0-11 во вториот период, по што ја презеде иницијативата, но домаќините со брз одговор и своја серија од 10-0 заминаа на пауза со минимална предност од 43-42.

Во третата четвртина Израелците целосно го надиграа противникот, благодарение на тројките на Иш Вејнрајт кои донесоа предност од 70-63. Во последните десет минути, двојката Џоунс–Малколм ја потврди доминацијата, а Хапоел стигна и до највисоки плус 14. Партизан не успеа да се врати, па на крајот сепак имаше убедлива победа и лидерска позиција за Хапоел, а Партизан ќе мора брзо да реагира ако сака да остане во трката за плејофот.

Олимпијакос 87-92 Монако

Монако извојува голема победа во Пиреја, совладувајќи го Олимпијакос со 92-87 во рамките на “Rivalry Series” дуелот од 7. коло.

Во меч исполнет со емоции и враќање на тренерот Василис Спанулис во салата “Мир и пријателство”, херој на Монако беше Алфа Дијало со најдобар натпревар во својата кариера (27 поени со неверојатни 11/13 од поле). Мајк Џејмс додаде 23 поени и 10 асистенции, носејќи го својот тим до скор 4-3.

Кај Олимпијакос, Тајлер Дорси беше најефикасен со 23 поени, а Саша Везенков постигна 17. И покрај добрата игра во првото полувреме, Грците попуштија во завршницата, каде што искуството и квалитетот на Џејмс и Дијало ја направија разликата.

Монако со оваа победа ја прекина серијата на Олимпијакос и остана во борба за самиот врв на табелата, додека грчкиот шампион ќе мора да бара поправен на следниот гостински меч.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено