Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, го објави списокот на повикани кошаркари за ноемврискиот ФИБА „прозорец“, со кој започнуваат претквалификациите за Евробаскет 2029.
Македонија во овој циклус влегува со комбиниран состав од младост и искуство, засилен со интернационалци кои играат во врвна форма.
Јакимовски во фокусот, три опции за натурализиран играч
Едно од најважните имиња на списокот е Андреј Јакимовски. Крилниот кошаркар игра одлично оваа сезона во италијанскиот Тренто и се очекува да биде еден од носителите на играта во овој циклус.
Покрај него, селекторот Илиевски повика дури тројца кошаркари со американско потекло кои конкурираат за едното место дозволено за натурализиран играч:
- Џејкоб Вајли (Ритас, Литванија) – добро познат на македонската јавност.
- Нејт Сестина (Олимпија Милано, Италија) – ново име со евролигашко искуство.
- Омари Мур (Валенсија, Шпанија) – уште едно ново засилување од Шпанија.
Сепак, поради поклопувањето на календарот со Евролигата, најреално е Џејкоб Вајли да биде во составот за првиот натпревар против Азербејџан, додека Сестина и Мур имаат клупски обврски.
Капитенот се враќа, „Кале“ е базата
Голем плус за репрезентацијата е враќањето на капитенот Војдан Стојановски. Откако летово го пропушти циклусот поради приватни причини, искусниот бек на МЗТ Скопје повторно е на располагање и ќе го предводи тимот.
Собирот е закажан за понеделник (24 ноември) во СРЦ „Кале“, каде што ќе се одвиваат подготовките.
Распоред на натпревари:
- 27.11 (Четврток): Македонија – Азербејџан (Скопје)
- 30.11 (Недела): Ирска – Македонија (Даблин)
Комплетен список на повикани кошаркари:
- Бекови: Војдан Стојановски, Андреј Магдевски (МЗТ Скопје), Бобан Стајиќ, Андреј Митревски, Лука Стојановски (Пелистер), Виктор Ташовски (ТФТ), Адем Мекиќ (Бора, Косово), Омари Мур (Валенсија, Шпанија).
- Крила и Центри: Андреј Јакимовски (Тренто, Италија), Стојан Ѓуроски (Работнички), Страхил Николов (ТФТ), Теодор Симиќ (Кожув), Ваљмир Какруки (Сигал Приштина, Косово), Лејсон Зеќири (Башкими, Косово), Џејкоб Вајли (Ритас, Литванија), Нејт Сестина (Олимпија Милано, Италија).
Следете нè: Facebook | Instagram | X



