Публиката во Минесота почна да верува дека може повторно да го собори шампионот. Но, Никола Јокиќ ја имаше својата вечер или подобро кажано, уште една “обична” вечер на кошаркарскиот гениј.
Со 25 поени, 19 скокови и 10 асистенции и неверојатни 90% реализација од игра, Јокиќ го уништи отпорот на Тимбервулвс и ги одведе Денвер Нагетс до нова победа. Но ова не беше обичен трипл-дабл – ова беше историја.
Србинот со овој учинок стана само вториот играч во НБА историјата, по легендарниот Вилт Чембрлејн, кој запишал трипл-дабл од најмалку 25 поени, 15 скокови и 10 асистенции со 90% шут од поле. Перфекција во движење, а секој пас, секој чекор под кошот, секој скок делуваше како внимателно режирана симфонија.
An efficient night pic.twitter.com/TTjRKm1Rqx
— Denver Nuggets (@nuggets) October 28, 2025
И тоа не е сè. Ова беше трет последователен трипл-дабл на Јокиќ на стартот од сезоната, нешто што досега го имаат направено само Расел Вестбрук и Оскар Робертсон.
Денвер изгледа непоколебливо, а Јокиќ продолжува таму каде што застана по својата МВП сезона, повторно делувајќи доминантен, спокоен и целосно недопирлив.
Во победата блескаше и Јамал Мареј со 42 поени, од кои 23 ги постигна само во треттата четвртина, што за него е личен рекорд за постигнати поени во една четвртина.
Тимбервулвс, без својот лидер Ентони Едвардс, немаа одговор. Јокиќ едноставно го контролираше натпреварот од првиот до последниот напад, покажувајќи уште еднаш дека моментално во НБА нема играч со поголемо влијание врз секоја секунда на играта.
Ова се резултатите и од другите мечеви на вечерта:
Јута Џез – Феникс Санс 138:134
Детроит – Кливленд 95:116
Филаделфија – Орландо 136:124
Чикаго Булс – Атланта 128:123
Хјустон – Бруклин 137:109
Њу Орлеанс – Бостон Селтикс 90:122
Сан Антонио Санс – Торонто Репторс 121:103
Далас – Оклахома 94:101
Голден стејт – Мемфис 131:118
ЛА Лејкерс – Портланд 108:122



