Калин со победа до полуфинале во Загреб!

 

Објавено:

Одлична вест е дека македонскиот тенисерски ас, Калин Ивановски се враќа во полна победничка форма после повредата поради која лани пропушти поголем дел од сезоната.

После успешниот настап на Дејвис Купот во Скопје, сега Калин продолжува со успесите и на турнирот во Загреб, каде денес во четвртфиналето го совлада хрватскиот тенисер Вито Тонејц со 2:1 (64 67(5) 62).

Со тричасовна борба Калин успеа да го обезбеди влезот во полуфиналето, каде ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Емануел Иванишевиќ и Мирза Башиќ.

Нас особено нè радува што полека се враќа самодовербата на младиот тениски ас на терените и сигурни сме дека во иднина ќе пишуваме за многу успеси на Ивановски.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено