„Luka Claus“ во акција: Сите во Лејкерс добија електричен велосипед од Словенецот

Објавено:

Кој вели дека Дедо Мраз не постои? Во соблекувалната на Лејкерс, тој се вика – Лука Дончиќ.

Словенечката ѕвезда реши да ги изненади своите соиграчи и вработените во клубот со спектакуларен божиќен подарок. По вчерашниот тренинг, Дончиќ им подели повеќе од 100 електрични велосипеди на сите во тимот – од играчите, тренерите, па сè до луѓето кои работат „зад сцената“.

Станува збор за врвни модели на Pedal Electric кои чинат околу 3.000 долари од парче. Вкупната сума што Лука ја потрошил за ова изненадување надминува неверојатни 300.000 долари!.

„Само сакав да дадам нешто на сите. Сите работат напорно, дури и луѓето што не ги гледате позади, па сакав да направам нешто и за нив“, изјави скромниот Дончиќ.

Тренерот Џеј Џеј Редик откри дека во салата настанала вистинска еуфорија кога го виделе подарокот, а некои од играчите како Деандре Ејтон веќе ги испробале новите „машини“.

Се чини дека Лука брзо се вклопи во ЛА, и на теренот, и како лидер во соблекувалната.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено