Машката кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва во СРЦ „Кале“ (19:00 часот) ја започнува новата мисија – пласман на Европското првенство во 2029 година. Прв противник во групата „А“ е селекцијата на Азербејџан, репрезентација со која за првпат ќе се сретнеме на сениорско ниво.
За разлика од летните натпревари, селекторот Марјан Илиевски сега на располагање има поискусен состав, засилен со ветераните Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски, како и новиот натурализиран играч Омари Мур.
Стојановски: „Мораме да бидеме подобри!“
Младиот бек Лука Стојановски, кој беше дел и од летниот циклус, е оптимист за новиот почеток.
„Верувам дека може да бидеме подобри од претходниот ’прозорец‘. Важно е да сме сплотени и да го дадеме максимумот. Моментално имаме поискусна екипа… Само така можеме да дојдеме до посакуваната цел, победата“, изјави Стојановски.
Влезот во салата е слободен, а обезбеден е и директен пренос на МРТ 3.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



