НБА преглед: Дончиќ шоу во Јута, топ форма на Мајами

Објавено:

Лука Дончиќ повторно ја зеде сцената за себе. 33 поени и 11 скока, во комбинација со мирна рака во најтешките моменти, беа доволни ЛА Лејкерс да издржат во завршницата и да ја скршат Јута со 108-106.

Леброн Џејмс, конечно на гостински паркет оваа сезона, додаде 17 поени, 8 асистенции и 6 скока, уште еднаш покажувајќи дека може да контролира темпо кога најмногу треба.

Но мечот беше далеку од рутински. Лаури Марканен, со 12 поени во последната четвртина, ја запали Јута и ја донесе разликата до само еден поен. Последниот обид за пресврт падна на раката на Кејонте Џорџ, но неговиот тешко освоен шутерски обид од аголот се одби од обрачот.

Лејкерс сега се на 12-4 и во серија од четири победи, а Дончиќ изгледа како играч кој влегува во „оној“ режим што го знаеме, кога цела лига мора да внимава.

Топ форма на Мајами: Пауел доминира во Филаделфија

Норман Пауел (32 поени) го водеше Мајами до четврта победа по ред, 127-117 над Филаделфија.
Кел’ел Веар со 20 поени и 16 скока ја надополни празнината под кошевите, додека 76ерс повторно играа без Џоел Ембид, а неговото отсуство веќе станува сериозен проблем (пропуштени 10 од 16 натпревари).

Макси беше најдобар кај домаќините со 27 поени, а Андре Драмонд имаше чудовишни 23 скока.

Атланта преживеа трилер: Џејлен Џонсон го води патот

Атланта победи 113-110 во меч полн пресврти. Џејлен Џонсон (28 поени, 11 асистенции, 8 скока) ја продолжи фантастичната серија од осми натпревар по ред со минимум 15/5/5.

Руки сензацијата Кон Кнеупел блескаше со 28 поени и седум тројки за Шарлот, но во последните секунди Атланта имаше посмирен период и ја затвори приказната.

Мичел пак решава: Кливленд го скроти ЛА Клиперс

37 поени на Донован Мичел беа премногу за Клиперс во победата на Кливленд 120-105.
Ивица Зубац одигра спектакуларен меч со 33 поени и 18 скока, но тоа не беше доволно.
Џејмс Харден, по експлозијата од 55 поени претходната вечер, сега ги промаши сите осум обиди за тројка.

Бостон ја загуби контролата, но не и мечот

Селтикс победија 138-129, а Џејлен Браун (35 поени, 8 асистенции) ја врати стабилноста кога Орландо се доближи на само два поени.

Џет Ховард беше феноменален со 30 поени за Меџик, но без тројца стартери немаа сили за пресврт.

Торонто незапирлив, седма победа по ред

Рапторс го победија Бруклин со 119-109. Скоти Барнс беше лидер со 17 поени, а дебитантот Џе’Коби Волтер продолжи да напредува со сезонски рекорд од 16 поени.

Лоша вест за Торонто – повредата на РЈ Барет, кој го напушти мечот по лошо приземјување.

Тандер доминантни со шампионски налет

Оклахома Сити повторно доминираше: 122-95 против Портланд. Шеј Гилџиус-Александер со 37 поени за само три четвртини, нешто што веќе стана рутина за тим кој е на скор од 17-1 и меѓу најдоминантните стартови во историјата.

Портланд немаше одговор, а Ерени Авдија падна од 26 на 11 поени во однос на претходната средба.

Феникс без половина ростер, доволно за да се скрши Сан Антонио

Санс победија 111-102, со Дилон Брукс (25) и Девин Букер (24) во водство.
Сан Антонио повторно без Вембањама, а Фокс беше единствениот со константен напад (26 поени).

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено