НБА преглед: Лејкерси со петта победа во низа и прво место во групата, Вашингтон конечно се разбуди

Објавено:

ЛА Лејкерс продолжуваат со одличната игра во НБА Купот. Тимот на Дарвин Хем ја впиша и третата победа во групната фаза, совладувајќи ги ЛА Клиперс со 135-118, со што го заверија врвот во Западната група Б.

Дончиќ шоу уште од стартот

Лука Дончиќ блесна со спектакуларни 43 поени, од кои 24 само во првата четвртина, плус 13 асистенции и девет скока. Остин Ривс беше херојот на финишот, а 18 од неговите 31 поен ги даде во последната четвртина. Леброн Џејмс додаде 25 поени, шест скока и шест асистенции.

Клиперси остануваат во игра за вајлд-карта, иако паднаа на 2-1. Џејмс Харден реализираше 29 поени, а Каваи Ленард и Крис Дан постигнаа по 19.

Вашингтон го прекина кошмарот, Меколум со 46 поени!

По 14 порази по ред, Вашингтон конечно се разбуди и славеше над Атланта со 132-113 во групната фаза на НБА Купот.

Си-Џеј Меколум одигра партија од соништата со 46 поени и 10 тројки, негов најдобар скор сезонава. Алекс Сар доминираше под кошот со 27 поени и 11 скока.

Кај Хокс, Порзингис беше најпрецизен со 22 поени, но Атланта немаше решение за офанзивниот бран на Визардс кои водеа и со плус 33.

Орландо ја растури Филаделфија, рекорди паѓаа на сите страни

Орландо Меџик одигра историска вечер во НБА Купот, уништувајќи ја Филаделфија со 144-103.

Антони Блек беше незапирлив со криерен рекорд од 31 поен, од кои неверојатни 20 во втората четвртина, кога Меџик постигнаа 51 поен, нов рекорд во историјата на клубот. Тимот собра и 86 поени во првото полувреме, уште еден рекорд.

И без Паоло Банкеро, речиси целиот ростер влезе во листата на стрелци: Вагнер постигна 21 поен, Бејн 15, а клупата додаде вкупно 82 поени, најмногу сезонава во НБА.

Кај Сиксерси, Макси беше најдобар со 20 поени. Тимот играше без Ембид, Пол Џорџ и уште неколку стартери.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено