НБА преглед: Пејсерс продолжуваат со одличната игра, Вестрбук со нов трипл-дабл

Објавено:

Индијана го доби Сакраменто и ја продолжи импресивната серија по катастрофалниот старт (116–105)

Индијана конечно игра кошарка со идентитет. Ендрју Нембард беше нерешлива загатка за одбраната на Кингс со 28 поени и 12 асистенции, а токму неговите 12 поени во последните шест минути го одлучија мечот. Бенедикт Матјурин додаде 25, Паскал Сиакам уште 23, а Пејсерс победуваат во четири од последните шест мечеви откако сезоната ја отворија со само две победи на 18 натпревари.

Сакраменто повторно заглави во лоша форма иако Расел Вестбрук испорача уште едно трипл-дабл издание со 24 поени, 12 скока и 14 асистенции. ДеРозан постигна 20 поени, Зак Лавин уште 16, но Кингс сега имаат пет порази во шест натпревари.

Санс ја одбранија тесната предност и ја прекинаа серијата на Минесота (108–105)

Феникс заработи уште една важна победа благодарение на стабилната игра на Марк Вилијамс кој финишираше со 22 поени и седум скока. Колин Гилеспи даде 19 поени, а Дилон Брукс беше повторно константен со 18.

Минесота ја загуби петнаесеттата победа во низа иако Ентони Едвардс беше неверојатен со 40 поени од само 21 обид. Џулиус Рендл додаде 21, но во завршницата домаќините не најдоа решение за дисциплинираниот Феникс.

Спарси преживеаја голем пад и славеа во драмата со Пеликанс (135–132)

Сан Антонио имаше убедливи 20 разлика на полувреме, но дозволија Пеликаните да направат целосен камбек. Дилан Харпер во вистински момент го погоди најважниот шут на мечот и ги заокружи своите 22 поени.

Харисон Барнс беше најдобар поентер кај Спарс со 24, а Стефон Касл се врати по девет натпревари пауза со 18 поени.

Кај Пеликанс блесна Дерик Квин со спектакуларна вечер составена од 33 поени, 10 скока и 10 асистенции за неговиот прв трипл-дабл. Треј Марфи додаде 32 поени, но Њу Орлеанс запаѓа во слободен пад со седум порази по ред.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено