Војната на Макс Верстапен со британските медиуми и нивната желба да го прикажат Холанѓанецот како негативец во секоја прилика е добро позната за оние кои следат Формула 1, а овој пат Макс имаше можност да добие “поен” во статистичката битка.
Имено, на прес конференцијата пред трката за Големата награда на Австрија, британскиот новинар Том Кларксон му постави прашање на Макс во кое погрешно ги искалкулира неговите победи на патеката.
“Имаш неверојатна историја тука на Ред Бул Ринг патеката со четири победи. Колку си самоуверен пред викендов”, праша Британецот.

Макс веднаш ја искористи можноста да го коригира новинарот со насмевка: “Дали се четири? Пет се!”, по што новинарот изгледа не разбра точно на што мисли Макс, па продолжи: “Одиш по петатта победа, да”.
На тоа Макс само со насмевка рече: “Пет се” и престана да му го одговара прашањето.
И статистиката на Верстапен всушност е точната. Во 2020 и 2021 година поради пандемијата со Корона вирусот, на патеката во Австрија беа одржани две трки, на кои Холанѓанецот триумфираше. Петтата победа на Макс Верстапен на патеката беше во 2023 година, а овој викенд тој ќе цели кон додавање и на шестатта победа до своето име на домашната трка на Ред Бул.



