Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ, синоќа беше пречекан на аеродромот во Белград од илјадници фанови кои ја дадоа нивната поддршка за легендата на својот клуб.
Тие не ја прифаќаат неговата одлука тој да се повлече од клупата на „црно-белите„ и покрај лошите резултати сезонава, а нивната страна ја делат и од раководството на клубот.
Вчера беше одржана итна седница на Извршниот одбор на КК Партизан на која се разговарало за ситуацијата во клубот, како и за оставката на тренерот. Одборот донел едногласна одлука дека нема да ја прифати оставката и изрази безрезервна поддршка за Обрадовиќ.
После вчерашните случувања, денес е објавено дека во 13 часот ќе се одржи нов состанок со Обрадовиќ, на кој клубот ќе се обиде да го предомисли тренерот да остане на чело на првиот тим.



