Олимпискиот пламен за Милано-Кортина 2026 пристигна во Италија

Објавено:

Олимпискиот пламен за Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026 пристигна во Италија, а веќе утре, во сабота, на 6 декември 2025 година, ќе ја започне својата прва етапа од Рим.

Патувањето, кое го најавува пристигнувањето на најголемиот зимски спортски настан, не можеше да започне на друго место освен во Рим, престолнината на Италија која беше домаќин на Летните олимписки игри во 1960 година. Утре започнува 63-дневно патешествие кое ќе помине низ 60 градови и 110 провинции, покривајќи над 12.000 километри. Пламенот ќе помине низ УНЕСКО светски наследства и легендарни предели, пред да пристигне на стадионот Сан Сиро за Свеченото отворање на Милано-Кортина 2026.

Пламенот, симбол на мир, единство и олимписки вредности, ќе патува низ Северна, Централна и Јужна Италија, обединувајќи приказни и различности низ земјата.

Патот започнува утре од „Стадио деи Марми“

Рутата официјално ќе започне утре (сабота, 6 декември) во 9:30 часот наутро на престижниот „Стадио деи Марми – Пјетро менеа“.

Емотивниот почеток ќе го означи Џанкарло Перис, последниот носител на факелот од Игрите во Рим 1960 година, кој ќе ја внесе светилката со Пламенот во стадионот. Џовани Малаго ќе го прими Пламенот од Перис и ќе го запали фаќелот.

Извор: https://www.olympics.com

Рутата започнува во 9:50 часот, предводен од шампиони:

  1. Грегорио Палтриниери (пливачки олимписки шампион) – ќе го направи првиот круг и ќе го изведе првиот „Бакнеж на факелот“ со вториот носител.
  2. Елиза Ди Франчиска (олимписка шампионка во мечување).
  3. Џанмарко Тамбери (олимписки шампион во скок во височина) – ќе ја предаде штафетата на кошаркарот Акиле Полонара, кој ќе го изнесе Пламенот надвор од стадионот, лансирајќи го релејот низ улиците на Вечниот град.

Ѕвездена рута и носители на факелот

Утрешната фаза е неверојатен омаж на Рим, бидејќи Пламенот ќе ги допре сите главни споменици. Меѓу носителите на факелот ќе бидат истакнати имиња од спортот и забавата, вклучувајќи ги: Матео Беретини, Џиџи Датоме, Андреа Барњани, Макс Биаџи, режисерот Џузепе Торнаторе, пејачите Акиле Лауро и Ноеми.

А, ако се прашувате како патуваше Пламенот во авион, еве едно откривање на таа интрига 🙂

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено