Пирова победа за Шведска или исправање на неправдата од синоќа? Крај за домаќинот во Малме!

Објавено:

Шведска се прости од своите навивачи во Малме со убедлива победа над Швајцарија од 34:21, ставајќи крај на една турбулентна главна фаза на Европското првенство. Иако сонот за полуфинале згасна претходно поради триумфот на Хрватска, актуелниот европски првак покажа достоинство и со триумф заминува за Хернинг. Сепак, на нивниот настап остана дамката од вчерашниот дуел со Унгарија, но сепак и тој подарен бод не им помогна да се вклучат во борбата за медал.

Паличка ги „спушти ролетните“

Натпреварот започна израмнето, а Никола Портнер на голот на Швајцарија долго време ги фрустрираше Швеѓаните. Швајцарците водеа цели 24 минути, но потоа на сцена стапи феноменалниот Андреас Паличка. Искусниот голман заврши со нестварни 20 одбрани (50% успешност), што беше доволно за Шведска да направи серија од 6:0 и да замине на пауза со предност.

Шведска доминација и лекција по ракомет

Во второто полувреме на теренот постоеше само еден тим. Швајцарија влезе во „црна дупка“ од цели 10 минути без постигнат гол, што Ерик Јохансон и соиграчите го искористија за да отидат на двоцифрена предност. На крајот, конечните плус 13 беа само потврда за разликата во квалитет, иако овој резултат нема да ги однесе Швеѓаните во борба за медал.

За Швајцарија, и покрај овој пораз, турнирот е историски успех. Избраниците на Енди Шмид го освоија 12-то место, со што го израмнија својот најдобар пласман на Европските првенства од 2004 година.

Што следи?

Шведска сега патува за Данска, каде во петок во Хернинг ќе се соочи со Португалија во мечот за 5. место. Ова ќе биде само вторпат во историјата на „трите круни“ да играат за петтата позиција на едно ЕП.

Следете нè: Facebook | Instagram | X


Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено