Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) соопшти дека влезот за претстојниот натпревар помеѓу македонската сениорска репрезентација и селекцијата на Азербејџан ќе биде бесплатен за сите посетители.
Ова е првиот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2029, а ќе се одигра во четврток, 27 ноември, со почеток во 19:00 часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Повик за поддршка
Од федерацијата ги повикуваат сите љубители на кошарката да дојдат во што поголем број и да им дадат поддршка на избраниците на Марјан Илиевски на почетокот на овој квалификациски циклус.
За оние кои нема да можат да присуствуваат во салата, обезбеден е директен телевизиски пренос на програмата на МРТ.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



