Словенечкиот репрезентативец Ник Хенигман го засилува Пелистер!

 

Објавено:

Еурофарм Пелистер добива ново словенечко засилување. Ник Хенигман, еден од најискусните играчи на Словенија, од следната сезона ќе го носи зелено-белиот дрес.

29-годишниот лев бек пристигнува од францускиот Шартр, а договорот со шампионот на Македонија е потпишан на една сезона, со можност да биде продолжен ако и двете страни бидат задоволни.

Станува збор за проверено име во европскиот ракомет – Хенигман зад себе има настапи за словенечка Рибница, унгарски ПИК Сегед, како и за Сант Рафаел и Шартр во Франција. За националниот тим на Словенија има околу сто натпревари и е постојан дел од селекцијата, без разлика кој е на клупата. Најголемиот успех му е бронзениот медал од Светското првенство во Франција во 2017 година.

Извор: https://www.facebook.com/hceurofarmpelister

Со своите 201 сантиметар и искуството што го носи, Хенигман е играч кој може да донесе дополнителна стабилност и моќ во редовите на битолскиот тим. Познат е и по својата харизма и лидерски карактер, нешто што Пелистер ќе го добие во клучна сезона.

Претставувањето на новото засилување е закажано за крајот на јули, кога Пелистер ќе ги започне подготовките за новата сезона 2025/26.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено