16.8 C
Skopje

Шок во Белград: Питер Оланјинка ја напушти Црвена звезда!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалскиот клуб Црвена звезда и нигерискиот напаѓач Питер Оланјинка ја прекинаа соработката по обострамен договор, соопшти клубот преку официјално соопштение. Иако изгледаше дека соработката има голем потенцијал по враќањето од повредата, сепак денес беше објавено дека фудбалерот повеќе не е член на белградскиот клуб.

Во изјавата се наведува дека двете страни се разделиле во пријателски дух и со заемно почитување, откако Оланјинка изразил желба да побара нов предизвик во својата кариера.

“Клубот му излезе во пресрет, со благодарност за професионалниот однос, посветеноста и придонесот што го даде за нашиот тим во изминатиот период”, стои во соопштението на белградскиот клуб.

Црвена звезда му посака на напаѓачот многу успех, здравје и среќа во понатамошната кариера:
“Хвала, Питер, и среќно!”

Оланјинка во редовите на Црвена звезда пристигна во летото 2023 година, откако претходно настапуваше за чешката Славија Прага. Во црвено-белиот дрес запиша 65 настапи на домашната сцена и во европските натпреварувања, оставајќи солиден впечаток со својата борбеност и тимска игра, постигнувајќи 15 погодоци.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено