Спектакуларна ноќ во НБА: Леброн се врати, Лејкерси слават

Објавено:

По 14 натпревари пауза поради ишијас, Леброн Џејмс конечно се врати на паркетот и стана првиот играч во историјата кој настапил во 23 последователни сезони. Во неговото долгоочекувано деби за сезоната, Лејкерси стигнаа до триумф од 140-126 над Јута, во меч кој донесе старо-нов енергичен „потпис“ на кралот.

Лука Дончиќ блесна со 37 поени и 10 асистенции, додека Леброн одигра 30 минути и заврши со 11 поени. Остин Ривс додаде 26, а Деандре Ејтон запиша моќни 20 поени и 14 скока, доволно за трет последователен триумф на ЛА.

Кај Јута, фантастични партии одиграа Кијонт Џорџ со 34 поени и Лаури Марканен со 31, но без резултат – ова е петти пораз за Џез во последните седум натпревари.

Орландо го „казни“ уморниот Голден Стејт

Меџик 121, Вориорс 113

Дезмонд Бејн беше најдобар стрелец за Орландо со 23 поени, а Ентони Блек од клупа внесе 21 и целосно ја смени динамиката на натпреварот. Франц Вагнер постигна 18, а Вендeл Картер Џуниор заврши со дабл-дабл од 17 поени и 12 скока.

Стеф Кари пак уфрли 34 поени, но уморот од пет гостувања во осум дена си го направи своето – Вориорси повторно паднаа на пат.

Детроит во победничко расположене: Единаесетта победа по ред

Пистонс 120, Хокс 112

Кејд Канингем се врати по три натпревари пауза и веднаш запиша 25 поени, 10 асистенции и 6 скока. Пистонси ја продолжија неверојатната серија и стигнаа до 11-та победа по ред, првпат по сезоната 2007/08.

Јален Дурен додаде 24 поени и 8 скока, додека Атланта ја прекина својата серија од пет победи.

Спарси без Венбанјама, но со срце – Мемфис падна

Спарс 111, Гризлис 101

Без Вембанјама и Стефон Касл, но со огромна борбеност, Сан Антонио го совлада Мемфис. Д’Арон Фокс беше прв стрелец со 26 поени, Харисон Барнс додаде 23 и седум последователни поени во клучниот момент.

Кај Гризлис, Седрик Кауард постигна 19 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно – Мемфис е во слободен пад со пет порази по ред.

Бостон со трета победа во низа – Браун доминира во второто полувреме

Селтикс 113, Нетс 99

Џејлен Браун уфрли 23 од своите 29 поени во вториот дел и ги водеше Селтикс до трета последователна победа. Пејтон Причард додаде 22, а Дерик Вајт 15.

Бруклин останува 0-7 дома, иако Мајкл Портер Џуниор беше најдобар со 25 поени.

Феникс „прошета“ низ Портланд

Санс 127, Трејл Блејзерс 110

Девин Букер одигра само три четвртини, но успеа да запише 19 поени, 5 асистенции и 3 украдени топки. Резервистот Колин Гилеспи шокираше со 19 поени и четири тројки.

Кај Портланд, Шејдон Шарп беше расположен со 29 поени, но тоа беше само козметика во новиот пад на Блејзерси, трети по ред.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено