Новак Ѓоковиќ престојуваше во Саудиска Арабија, каде играше на ревијалниот турнир “Слемот на шестте кралеви”, во рамките на сезоната на Ријад, настан кој служи за промоција на спортот и зголемување на туризмот во земјата.
Па, додека беше таму тој се сретна со веќе “одомаќинетиот” фудбалер Кристијано Роналдо, кој веќе две години игра за саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср.
За време на ревијалниот турнир, Новак во едно интервју изјави дека токму Кристијано Роналдо, меѓу другите, е еден од спортистите во светски рамки кои го инспирираат да не се пензионира, гледајќи ги нив какви успеси постигнуваат и во своите 40-ти години.
На средбата двете легенди на спортот, едниот на тенисот, другиот на фудбалот, си разменија подароци со посвети и автограми. Роналдо на дресот му напиша: “За мојот пријател Новак, големи прегратки од Кристијано”.
Додека пак тенисерот му подари тениски рекет, топче и маичка. Најинтересна е можеби посветата на рекетот, каде тој ја напиша препознатливата прослава при погодок на Роналдо: “За Крис, Сиуууу”.



