Страшен пад на тренингот пред трката во Холандија

 

Објавено:

Аи Огура доживеа страшен пад за време на тренингот пред трката за Големата награда на Холандија. Веднаш после падот неговиот мотор се запали, по што сесијата беше прекината од безбедносни причини.

За среќа Огура веднаш покажа знаци дека е во ред, но ова за него ќе биде психолошки удар, бидејќи тој неодамна се врати на тркањето откако помина некое време надвор од патеките поради рехабилитација од повредата со која се здоби во Силверстоун.

Ова не е единствен инцидент на Асен патеката, каде дури и најискусните возачи како Марк Маркез доживеаја пад. Маркез сепак успеа да ги надмине предизвиците и да се пласира во вториот круг од квалификациите.

Погледнете го страшниот пад на Огура и падот на лидерот сезонава Маркез.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено