4.8 C
Skopje

Твојот цртеж може да стане лицето на македонскиот ракомет – Пријави се на конкурсот!

Објавено:

Ракометот е повеќе од спорт во Македонија – тоа е нашиот национален идентитет. Сега, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ви нуди шанса буквално да го „нацртате“ тој дух.

Федерацијата објави Јавен конкурс за избор на официјална маскота. Се бара симбол што ќе ги претставува „нашиот ракометен дух, тимска енергија и национален идентитет“ на сите домашни и меѓународни натпревари.

Кој може да се пријави?

Буквално секој! Од ученици и студенти, до професионални дизајнери, уметници и, најважно од сè, љубители на спортот.

Што добива победникот?

Ако вашата идеја биде избрана, наградите се вистински ракометен сон:

  • Потпишан дрес од нашите ракометари и ракометарки.
  • Опрема од РФМ.
  • 10 билети за секој нареден натпревар до крајот на сезоната за националните натпревари во Македонија.

Како до учество?

Вашата пријава треба да содржи:

  1. Име, презиме и контакт.
  2. Краток опис на идејата (до 300 зборови).
  3. Опционално: 3D модел.

Идеите се испраќаат на е-маил: maskota.rfm@yahoo.com или по пошта на адресата на РФМ (Бул. Кузман Јосифовски – Питу бр. 15, 1000 Скопје).

Крајниот рок е 15.12.2025 година.

Време е креативноста да истрча на терен!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено