2.8 C
Skopje

(Видео) Црвена Звезда го симна “Кралот” од тронот на сред Белград!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во огнената атмосфера на преполната Београдска арена, Црвена Звезда испиша нова страница во својата европска историја. Со победа од 90:75 над актуелниот шампион Реал Мадрид, црвено-белите ја срушија “кралската” доминација и покажаа дека срцето понекогаш е поголемо од буџетот и ѕвездите на противникот.

По шест години порази во меѓусебните дуели, оваа вечер во Белград мирисаше на револуција. Саша Обрадовиќ, во своето второ доаѓање на клупата, успеа да го запали пламенот кој долго недостасуваше со тимски дух, борба и карактер.

А кога на сето тоа ќе се додаде и кошарка од највисок калибар, тогаш резултатот е спектакл за паметење.

Извор: https://kkcrvenazvezda.rs

Милер-Мекинтајер: Моторот на чудото

Звезда го започна мечот тешко, нервозно, без јасна идеја. Но тогаш се појави Коди Милер-Мекинтајер, човекот што го држеше тимот жив. Во првите десет минути тој уфрли 12 поени без промашај и ја запали искрата што ја разбуди целата арена.

Од втората четвртина па натаму, сè тргна како што треба, со срце на терен и одлична одбрана. Калиниќ ја погоди клучната тројка, Монеки ја донесе енергијата, а Џордан Нвора конечно го пронајде својот ритам. На полувремето резултатот беше 43:39, што даде јасен сигнал дека шампионот е во неволја.

Тим, не поединци: Тајната на Обрадовиќ

“Не треба да бидеме еуфорични. Малите чекори го градат патот. Важно е да ги чувствуваш играчите и да ги ставиш на вистински позиции”, рече Обрадовиќ по мечот, оддавајќи признание и на својот претходник Сферопулос за тимот што го наследи.

Но фактот е дека Звезда изгледа поинаку. Поорганизирано. Посилно. Поопасно. И тоа без неколку клучни играчи.

Крај на мадридската бајка

Реал изгледаше збунето, без одговор на енергијата и пресингот на црвено-белите. Третата четвртина беше симфонија на Обрадовиќевата одбрана, во која примија само 14 поени од европскиот гигант. Дејан Давидовац го запечати спектаклот со тројка од една нога, додека публиката гореше.

Милер-Мекинтајер заврши со 18 поени, 8 асистенции и 8 скока – партија за антологија. Нвора му се придружи со 18 поени, Монеки со 15, Ожелеј со 13, а Калиниќ со 10.

Од пепелта се раѓа нова Звезда

По победите над Жалгирис и Реал, Звезда сега има три триумфи по ред и конечно изгледа како тим што може да издржи темпо на Евролигата.

Кога ќе се вратат и повредените, можеби ќе зборуваме за повеќе од само добра форма.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено