10.8 C
Skopje

(Видео) Џорџ Расел маскиран го следеше тренингот меѓу навивачите!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел денес имаше несекојдневна можност, да го гледа својот болид од трибините за време на првиот тренинг во Мексико. Младиот шофер Фредерик Вести го замени зад воланот, а тоа му даде можност на Расел да се почувствува за момент како “обичен” љубител на Формула 1.

Тој се погрижи никој да не го препознае, носејќи традиционална мексиканска маска на лицето, а навистина никој од присутните не се ни посомнева дека популарниот британски возач седи на трибините заедно со нив.

Џорџ изјави дека одамна немал можност да види како изгледаат болидите на патеката од далеку, па тој навистина уживаше во ова несекојдневно искуство.

“Некој ми го позајми болидот, а јас не сум видел како изгледаат болидите на патека многу долго време”, рече тој пред да се упати кон трибините.

Тој дури и се пошегува со навивачи кои носеа маички со неговиот лик, велејќи им дека “тој е многу добар возач”.

Погледнете како изгледаше оваа несекојдневна Ф1 авантура за Расел.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено