(Видео) Лудило во Белград: Партизан ја одби оставката, „Гробарите“ го блокираа аеродромот за Жељко!

Објавено:

Дали Жељко Обрадовиќ сепак останува во Партизан? Ова е прашањето што ја тресе спортска Европа. По шокантната неотповиклива оставка, Управниот одбор на Партизан, на итна седница и на предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, донесе едногласна одлука: Оставката на Обрадовиќ НЕ СЕ ПРИФАЌА!.

На Обрадовиќ му е дадена „апсолутна поддршка“ и одврзани раце дури и да го „смени целиот тим“ ако е потребно.

„Земјотрес“ на аеродромот „Никола Тесла“

Додека управата заседаваше, навивачите на Партизан, популарните „Гробари“, направија вистински спектакл. Илјадници приврзаници се собраа на белградскиот аеродром за да го пречекаат својот идол, кој се враќаше од Атина.

Она што започна како тага, се претвори во еуфорија. Летот од Атина беше најследениот на светот на FlightRadar, а кога Жељко се појави, аеродромот ечеше од песните: „Остани, остани!“.

Одука е на Жељко

И покрај одлуката на клубот, правно гледано, неотповиклива оставка е личен чин. Сега сè е во рацете на најтрофејниот европски тренер. Дали љубовта на навивачите и новиот мандат од управата ќе го убедат да се премисли?


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено