(Видео) Лудило во Дубаи: Мекинли Рајт го реши Баерн со кош во последната секунда!

Објавено:

Дубаи и понатаму е неосвоива тврдина! Во драматична завршница која ги остави гледачите без здив, кошаркарите на Дубаи го совладаа Баерн Минхен со 89-88 во „Кока-Кола Арената“, задржувајќи го перфектниот скор од 5-0 на домашен терен во Евролигата.

Херојот на вечерта? Американецот Мекинли Рајт, кој со звук на сирената погоди за победа и фрли во транс се во салата.

„Кохонес“ фактор: Рајт за победа на 0.5 секунди до крајот

Ситуацијата изгледаше загубена за домаќините. Баерн водеше со 87-88 на само 3.2 секунди до крајот и имаше посед, но Коста Кондиќ успеа да изнуди клучна загубена топка од Стефан Јовиќ.

Џастин Андерсон ја изведе топката од аут директно до Рајт. Американецот направи еден чекор на десно и со неверојатна ладнокрвност погоди преку рацете на Спенсер Динвиди и Вениен Габриел на 0.5 секунди до крајот!.

Победа со „половина тим“

Овој триумф е уште позначаен ако се знае дека тренерот Јурица Големац беше без дури седум играчи, вклучувајќи ги ѕвездите како Џанан Муса, Алекса Аврамовиќ и Двајн Бејкон.

Рајт го заврши мечот како апсолутен лидер со:

  • 22 поени
  • 7 асистенции
  • Индекс 28.

Голема поддршка имаше од Авуду Абас (15 поени) и Џастин Андерсон (11 поени, 5 скока и клучна блокада во последната секунда над Лучиќ). Кај Баерн, Андреас Обст постигна 21 поен, но тоа не беше доволно за триумф.

„Ова е реална работа. Победуваме натпревари. Ни требаат повеќе фанови во салата, иднината ќе биде специјална,“ порача херојот Рајт по мечот.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено