(Видео) Лудило во Лондон: Три тројки за 9 секунди и победа на Литванија со сирената

Објавено:

Кошаркарскиот свет е во шок по завршницата на мечот од квалификациите за Светското првенство 2027 меѓу Велика Британија и Литванија. Литванците беа на работ на пораз, губејќи со 7 поени на само 15 секунди до крајот, но тогаш на сцена стапи Игнас Саргиунас и направи чудо какво што ретко се гледа.

Три тројки за 9 секунди!

Домаќините во Лондон веќе ја славеа победата, водејќи со 87-80 на 15 секунди до крајот. Прво, Саргиунас погоди тројка. Потоа, Мајлс Хесон од Британија погоди едно слободно фрлање. Саргиунас веднаш врати со нова луда тројка за 88-86 на 3.5 секунди до крајот.

И тогаш се случи невозможното. Британија ја загуби топката при изведување од аут, Саргиунас ја украде и погоди неверојатна тројка со звукот на сирената за конечни 88-89!

ФИБА: „Најголемиот базер-битер досега?“

Оваа завршница неодоливо потсетува на легендарниот подвиг на Трејси Мекгрејди во НБА кога постигна 13 поени за 33 секунди. ФИБА на социјалните мрежи праша: „Дали е ова најголемиот базер-битер што сме го виделе во ФИБА кошарката?“, додека фановите го нарекуваат Саргиунас „Литванскиот Ти-Мек“.

Саргиунас го заврши мечот со 27 поени, но овие последни 9 секунди ќе останат запишани во историјата.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено