Смената на тренерската позиција во Гостивар веднаш вроди со плод. Под водство на новиот стратег Александар Петровиќ (поранешен тренер на Пелистер), гостиварци одиграа одличен натпревар и го совладаа фаворизираниот битолски тим.
Домаќините доминираа во првото полувреме, кое го добија со убедливи 46-32. Пелистер се обиде да се врати во вториот дел, намалувајќи ја негативата на само четири поени во финишот (72-76), но Гостивар издржа. Клучните поени ги постигна Џејлен Абрам од линијата за слободни фрлања во последните секунди.
Абрам беше најефикасен со 22 поени, додека Кенан Карахоџиќ додаде 19. Кај Пелистер, Андреј Митревски се истакна со 23 поени. Со овој пораз, Пелистер го загуби чекорот со ТФТ и МЗТ на врвот.
Тиквеш – МЗТ Скопје 82:85: Шампионот испушти +19, но победи
Во салата „Јасмин“, МЗТ Скопје Аеродром стигна до седмата победа, но мораше да се потруди во финишот. „Штрковите“ одиграа одлично прво полувреме и имаа висока предност од 16 поени на паузата (49-33), која во третиот дел порасна и до +19 (59-40).
Сепак, Тиквеш не се предаде. Со серија од 18-3, домашните кошаркари се вратија во игра и во последната минута дојдоа на само еден посед негатива (82-85). Петар Бошалески имаше шанса од слободни фрлања да ја направи завршницата уште подраматична, но не беше прецизен.
Кај победникот, Брендон Слај и Дион Едвин беа лидери. За Тиквеш, Петар Бошалески одигра фантастичен меч со 19 поени, 9 асистенции и 8 скока.
📊 Табела – МТЕЛ Суперлига
Следете нè: Facebook | Instagram | X



