(Видео) НБА Куп Преглед: Лејкерс и Тандер без грешка (4-0), Лука го „поздрави“ Ентони Дејвис

Објавено:

Групната фаза на „Emirates NBA Cup“ го достигна своето вжештување. Петочната програма донесе разврска во неколку групи, а фаворитите на Запад, ЛА Лејкерс и Оклахома Сити Тандер, ја потврдија својата доминација со максимален учинок. На Исток, Њујорк и Орландо ги заверија билетите за нокаут фазата.

Еве што ја одбележа ноќта во најсилката кошаркарска лига:

Дончиќ и Ривс го расипаа враќањето на Ентони Дејвис во ЛА

Во најзвучниот дуел на вечерта, Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Далас Маверикс со 129-119, обезбедувајќи скор од 4-0 во Западната Група Б. Ова беше емотивен меч, бидејќи Ентони Дејвис (сега во дресот на Далас) се врати во ЛА по големиот трејд за Лука Дончиќ пред 10 месеци. Но, на паркетот немаше милост.

Остин Ривс одигра партија на кариерата со 38 поени, додека Лука Дончиќ против својот поранешен тим запиша 35 поени и 11 асистенции. Лејкерс доминираа во второто полувреме и обезбедија домашен терен за четвртфиналето.

Тандер се незапирливи: 19-1 скор и 11-та победа во низа!

Оклахома Сити Тандер продолжува да испишува историја. Со победата над Феникс Санс од 123-119, тие стигнаа до скор од 19-1 (петти тим во историјата со ваков старт) и прво место во групата А на Запад (4-0). Лидерот Шеј Гилџус-Александер беше феноменален со 37 поени, вклучувајќи клучни погодоци во финишот кога Санс се доближија на само еден поен разлика.

Брансон го доби дуелот со Јанис, Никс одат понатаму

Во „Медисон Сквер Гарден“, Њујорк Никс го победија Милвоки Бакс со 118-109 и ја освоија Источната Група Ц. Џејлен Брансон блескаше со 37 поени, додека враќањето на Јанис Адетокумбо (30 поени, 15 скокови) не беше доволно за Бакс, кои го претрпеа седмиот пораз во низа.

Драма во Детроит: Меџик преживеаја за прво место

Орландо Меџик славеше тесна победа над Детроит Пистонс со 112-109, осигурувајќи го првото место во Источната Група Б со перфектни 4-0. Херој на мечот беше Дезмонд Бејн со 37 поени и клучни офанзивни скокови во финишот. Кејд Канингем одигра страшен меч за Детроит со трипл-дабл (39 поени, 12 скокови, 11 асистенции), но тоа не беше доволно.

Останати резултати:

  • Сан Антонио – Денвер 139-136: Спарс со голем пресврт (губеа 18 разлика) го шокираа Денвер и ја освоија групата Ц на Запад. Девин Васел постигна 33 поени.
  • Атланта – Кливленд 130-123: Џејлен Џонсон со трипл-дабл (29п, 12ск, 12ас) ги елиминираше Кавалирс од купот.
  • Шарлот – Чикаго 123-116: Брендон Милер со 27 поени ја прекина серијата порази на Хорнетс.
  • Филаделфија – Бруклин 115-103: Макси со 22 поени ги водеше Сиксерс до победа на гости.
  • Индијана – Вашингтон 119-86: Убедлив триумф на Пејсерс.
  • Јута – Сакраменто 128-119: Марканен и Џорџ комбинираа за 59 поени за победа на „Џезерите“.
  • Мемфис – ЛА Клиперс 112-107: Гризлис победија, но испаднаа поради послаба кош-разлика.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено