(Видео) НБА ЛУДИЛО: Јокиќ броеше до 55, „снајперот“ Кари до 46, Тандер газат сè пред себе!

Објавено:

Каква ноќ во најсилната кошаркарска лига! Додека Оклахома покажува зошто е најдобра екипа во моментов, Никола Јокиќ и Стеф Кари приредија индивидуални мастеркласи кои долго ќе се паметат.

Шоу на Јокиќ во Л.А.: 55 поени за шеста победа по ред!

Никола Јокиќ едноставно си играше кошарка со Клиперси. Српскиот центар постигна неверојатни 55 поени (изедначувајќи го рекордот на сезоната), додаде 12 скока и шутираше фантастични 18/23 од игра во победата на Денвер од 130-116.

Ова беше шеста победа по ред за Нагетс, додека Клиперси, кои дознаа дека Бредли Бил ја заврши сезоната поради скршеница на колкот, беа немоќни и покрај 23-те поени на Харден.

„Старецот“ Кари му одржа лекција на Вембањама

Во Сан Антонио, Стеф Кари покажа дека сè уште е елита. „Снајперот“ на Вориорс постигна 46 поени (29 во второто полувреме) и го водеше Голден Стејт до победа од 125-120.

Ова беше доволно да се засени историската ноќ на Спарс, каде Виктор Вембањама (31 поен, 14 скока, 10 асистенции) и Стефон Касл (23/10/10) станаа првите соиграчи во историјата на клубот со трипл-дабл на ист натпревар.

Тандер се застрашувачки – Дончиќ „уапсен“ во Оклахома

Дербито на Западот се претвори во егзекуција. Оклахома Сити Тандер го прегази Лос Анџелес Лејкерс со 121-92 и стигна до скор од 12-1.

Шеј Гилџус-Александер постигна 30 поени за само три четвртини, додека Лука Дончиќ беше сведен на само 19 поени со слаб шут од 7/20.

Останати резултати:
  • Орландо – Њујорк 124-107: Меџик им го нанесоа првиот домашен пораз на Никс. Франц Вагнер блескаше со 28 поени, додека ѕвездата на Орландо, Паоло Банкеро, се повреди.
  • Мајами – Кливленд 116-130: Иако без Мичел, Гарланд и Мобли, Кавс славеа на Флорида благодарение на Џерет Ален (30 поени, 10 скока).
  • Бостон – Мемфис 131-95: Пејтон Причард (24 поени) и Селтикс немаа милост за Гризлис кои играа без Џа Морант.
  • Њу Орлеанс – Портланд 117-125: Шејдон Шарп (35 поени) и Дени Авдија (32 поени) ги водеа Блејзерс до голема победа на гости.
  • Хјустон – Вашингтон 135-112: Кевин Дурант (23 поени) и Ракетите лесно се справија со Визардс, кои го запишаа 10-тиот пораз по ред.
  • Шарлот – Милвоки 111-100: Без Јанис Адетокумбо, Бакс беа лесен плен за Хорнетс и Мајлс Бриџис (20 поени).
  • Далас – Феникс 114-123: Санс, предводени од Букер (26 поени), ја продлабочија кризата на Мавс, кои го имаат најлошиот старт од 2017 година.
  • Сакраменто – Атланта 100-133: Џејлен Џонсон (24 поени, 10 скока) ги предводеше Хокс до убедлив триумф над „Кралевите“.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено