(Видео) Србија го преживеа „пеколот“ во Скендерија, Танасковиќ ја замолкна БиХ!

Објавено:

Балканското дерби во Сараево понуди сè што може да посака еден кошаркарски фан – пресврти, тензија, полна сала и неизвесност до последната секунда. Во пеколна атмосфера во салата „Мирза Делибашиќ“, Србија славеше тесна победа над Босна и Херцеговина со 72-74, зачувувајќи го перфектниот скор во квалификациите (2-0).

Домаќините, носени од фантастичната публика, имаа сè во свои раце. На почетокот на последната четвртина, БиХ водеше со 61-53 по тројката на Хавиер Кастанеда.

Танасковиќ и Јарамаз режираа пресврт

Но, „орлите“ на Душан Алимпијевиќ не се предадоа. Србија ја стегна одбраната и не дозволи кош од игра цели пет минути, додека во нападот блескаше Никола Танасковиќ. Поранешниот играч на Игокеа, кој добро ја познава салата, одигра меч на кариерата со 24 поени и 8 скока.

Во драматичниот финиш, Огњен Јарамаз погоди клучни слободни фрлања, додека БиХ имаше шанса за победа или продолжение. Амар Алибеговиќ промаши зицер под кош со звукот на сирената, оставајќи ги домашните навивачи во неверување.

Алимпијевиќ: „Зетот не се посрамоти во Сараево“

Српскиот селектор Душан Алимпијевиќ по мечот имаше интересна изјава, откривајќи ја својата лична поврзаност со градот.

„Среќен сум што победивме. Мојата сопруга е од Сараево, па морам да бидам среќен што одигравме вака, за зетот да не се посрамоти“.

Србија сега има две победи од два меча, додека БиХ останува со празни раце и покрај добрата игра против фаворитите.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено