(Видео) Србија од -23 до херојска победа над Швајцарија!

Објавено:

Србија беше на работ на сензационален пораз на стартот од квалификациите за Светското првенство 2027, но со спектакуларен пресврт успеа да ја совлада Швајцарија со 90-86.

Гостите во Белград приредија шок во првото полувреме, погодувајќи дури 9 тројки (од 12 обиди), вклучувајќи го и „проектилот“ на Селим Фофана од половина терен за неверојатни 34-57 на паузата.

Алимпијевиќ ја разбуди „ѕверот“

Во второто полувреме, Србија излезе како нов тим. Избраниците на Душан Алимпијевиќ дозволија само 15 поени во првите 15 минути од продолжението, правејќи серија од 20-2 за целосен пресврт.

Херој на мечот беше центарот Душан Ристиќ, кој одигра натпревар за паметење. Тој постигна 24 поени без промашување (10/10 од игра, 4/4 за три поени!), од кои 12 клучни во последната четвртина.

Одлична поддршка имаше и од Стефан Миљеновиќ (23 поени, 9 асистенции) и Никола Танасковиќ (16 поени).

Ова е важна победа за Србија на почетокот на новиот циклус, избегнувајќи ја репризата од 2020 кога Швајцарија ги шокираше со кош во последната секунда.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено