ВИВА ЛАС ВЕГАС! Викендот кој ни ја врати возбудата во сезоната!

Објавено:

Во 5 часот наутро по македонско време, стартуваше трката во Лас Вегас која непланирано ни ја донесе најголемата возбуда сезонава, заострувајќи ја трката за титулата. Ова следуваше после возбудливите квалификации, каде го видовме повторното враќање на нешто што се сметаше за митско суштество во Формула 1 – гумите за дожд. Хаос, врнежи и Норис на лидерската позиција.

Иако многумина сметаат дека трките во САД се само шоу за забава, овој пат тоа не е далеку од вистината. Трката започна со Ландо Норис (лидерот на табелата за шампионатот) на пол-позицијата, а веднаш зад него се наоѓаше четирикратниот шампион Макс Верстапен.

Ландо проба да изведе потег кој би го очекувале од Макс, но она во кое погреши е погрешната процена, дека како што би рекле новинарите на „Sky Sports“: „тој едноставно не е Макс Верстапен за да ги користи неговите финти“.

Иако трката заврши, а „Летечкиот Холанѓанец“ победи со голема разлика, сепак вистинската драма пристигна по доделувањето на трофеите… Мекларен беа повикани во канцеларијата на ФИА, а сите нетрпеливо го чекавме исходот од одлуката.

Како што би рекол самиот шеф на Мекларен, Зек Браун, „правилата си се правила“, па двата болида на Мекларен беа дисквалификувани бидејќи подот ја надминуваше дозволената граница на дебелина од 9 милиметри. Ако се следеа коментарите на познавачите на Ф1 за време на самата трка, оваа одлука можеби и беше очигледна, бидејќи преку целата трка се коментираше за „искрите како огномет“ кои ги „фрлаа“ болидите на Мекларен на правците.

Оваа одлука предизвика вистински хаос во јавноста, а сега Верстапен кому петтата титула му изгледаше недостижна на средината од сезоната, влегува во активна трка за нејзино освојување, заостанувајќи само 24 бода зад Норис.

Во секој случај, на две трки и еден спринт до крајот, трката за титулата е жива, а ние може само да кажеме: ВИВА ЛАС ВЕГАС!

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by F1 MEMES (@f1troll)

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено