По лесниот тренинг со Азербејџан, македонските кошаркари ги очекува вистинскиот тест. Вечерва од 18:00 часот, во Националната Арена во Даблин, Македонија гостува на Ирска во вториот натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029.
Капитенот Војдан Стојановски е свесен дека овој меч ќе биде сосема поинаков од оној во Скопје.
„Ирците се поквалитетен противник од Азербејџан. Најважно е да ја играме нашата игра и да покажеме 40 минути борба. Ако го сториме тоа, резултатот нема да изостане“, вели искусниот бек, додавајќи дека оваа генерација има квалитет за многу повеќе од оваа фаза на натпреварување.
Вајли се враќа во ротацијата
За овој натпревар, во составот ќе биде и Џејкоб Вајли, кој го менува Омари Мур на местото на натурализиран играч. Американецот со македонски пасош повикува на максимална сериозност.
„Никого не смееме да потцениме. Секој кој е дојден тука, игра за својата држава и гордост. Сакам да видам борба и тоа мора да го направиме сите заедно“, порачува Вајли пред вечерашниот дуел.
Натпреварот можете да го следите ВО ЖИВО на линкот подолу:
Следете нè: Facebook | Instagram | X



